Алекси Берно
Франција
Биографија
Алекси Берно е роден во 1977 година во Париз. Тој е поет, преведувач, музичар и уредник. Тој, исто така, ја води збирката раскази „Минијатури“ кај издавачите Magellan & Cie. Неговата поезија е објавена во Франција и во странство, автор е на збирките Au matin suspendu (Во забранетото утро, 2012) и Un miroir au coeur du brasier (Огледало во срцето на огнот, 2020). Ги превел американските поети Џек Хиршман, Сем Хамил, Ијан Бојден и Марго Бердешевски, канадскиот поет Роберт Брингхарст и тринидадскиот романсиер Ерл Лавлејс.