Песни

СВЕТО ДРВО

Тоа е секогаш во средиштето на градината 

Независно од тоа која градина 

 

Секоја градина 

си има свое свето дрво 

и свој народ што го чува 

 

Многу народи 

си имаат свое свето дрво 

кое го бранат со своите животи 

 

Само под земјата 

сите свети дрва 

од еден заеднички корен се хранат

– дрвото на животот