Песни

сулфур

ги допира нашите потемнети тела од сонцето

на местата

каде што круглите камчиња

ни го втиснуваат својот облик одиме боси

за повторно да почувствуваме

дека сме сè уште живи

дека ништо не е одглумено

тактилно

се вкоренуваме во најдоверливите точки

каде што солта значи срцевина

а водата е матна и студена