Песни

Балада за точката

Балада? За точката? За смртната пилула?!
Ај, не правете се улав!
Зарем за пушкинскиот куршум не сте чуле!
И за оној ветер
што фиука, ко низ клапите на кларинетот,
во продупчените глави на подобрите поети.
Бодејќи ја надуеноста и свинштината со стрели
кон потомците се упати траекторијата на тој фиук!
И немаше точка. А имаше – почеток, нели?
В земја заминуваме ние
како во врати на железничка станица.
И точката на тунелот е црна, ко топовска цевка …
Во бесмртност ли води таа, во предел ли без граница,
ил’ во неизвесност таква
што луѓето да не ја знаат?!…
Смрт нема. И точка нема. Постои на куршумот патот
а тоа е втората проекција на истата права, брате.
Во природата, по проценките, не постои точка.
Ние ќе бидеме бесмртни. И тоа е – точно!