Поети

Лауреат - 1984

Андреј Вознесенски

Русија

Биографија

Pоден во Москва на 5. 12. 1933 година каде и починал на 1. 6. 2010 година. Руски поет, слободен творец. Пишувал експериментална поезија што секогаш се потпирала врз радицијата на руската авангарда. Истражувал нови можности и употребувал звучни асоцијации и асоцијативни низи, гротескна и парадоксална метафорика, а, исто така, при градбата на своите стихови се потпира на архитектурата и сликарството. Дела.: Парабола, 1960; Мозаици, 1960; Триаголна крушка, 1962; Антисветови, 1964; Ахилово срце, 1966; Сенката на звукот, 1970; Дабов виолончелов лист, 1975; Соблазна, 1978; Неконтролирано, 1981.