Бунтот на телото
Со години
го покорувам сопственото тело
на семејството
на мажот
на децата
на просторот
на градот
Сега со бунт ми враќа
Се закануваат неговите облици
да ги затнат улиците
да ги искршат дрвјата по парковите
да ги урнат зградите
да се излеат надвор од овие
’рѓосани
посивени
излупени
зградишта и ѕидови
Не ме собира веќе
сопственото тело.