Песни

БЕЗВРЕМЕНСКО

Погребот ги отвори портите

и извесен простор ги гледавме

 

ѕидовите на времето. Мртвиот лежеше

на маса од натиснати

 

минути и ние разбравме:

никому нема да му побегнат

 

деновите. Под земјата кртовите

ја здиплуваа ноќта во

 

црни страници, некои во

чаршафи со ластик за свиснатиот

 

грбен поглед на шумските почви.

Но траењето стоеше како ела

 

покрај погребната капела и бавно

преминуваше во бреза.

преведено од:
Ксенија Чочкова