Лозинки
Толку долго се учев да чекам
што се сепнав кога се појави;
за мене непознат створ
што го препознав од првиот збор,
па не помислив да чекам.
Две горили, Похотата и Лакомоста,
чуварите на големата порта;
во брод камуфлиран со едра на тромоста,
во градот отпловивме, низ речната аорта.
Затворена остана торбата со колачи,
со години од устата моја поштедени;
никогаш немаше миг, ни миг одвишен,
да се избегне вечното одложување.
Сега веќе чекањето толку нѐ заслепува
што, како дете, на срце ни се прилепува.
Превод од холандски: Ели Пујовска

