Поети

Виолета Танчева-Златева

Северна Македонија

Биографија

Виолета Танчева-Златева (1968) дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност. Пишува поезија, проза и есеи. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година. Работи во Издавачки центар ТРИ како лектор.

Ги објавила прозните книги „Книга за сонот“, „Враќања“, „Враќајќи се во Бориево“,Шарени писма“ (роман за деца), „Раскази од минатиот век“; како и поетските книги „Мојот Пикасо“ со напореден англиски препев (и македонско-српско издание, Задужбина „Петар Кочиќ“, Бања Лука, БиХ), „Заробеници на молкот“, „Огнена“, „Нашата приказна“, „Година без лето“, „Патот“, „На работ на светот“, „Капе времето“, „Глуво време“. 

Поважни награди: „Ѓурѓа“ 1992 г. за поетскиот ракопис „Книга за сонот“; „Браќа Миладиновци“ на СВП за „Година без лето“ во 2015 г.; „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија за „Патот“ во 2018 г.; „Антев златник“ за поетскиот ракопис „Глуво време“ во 2022 година.