Ива Дамјановски
Северна Македонија
Биографија
Ива Дамјановски – родена е на 09.01.1996 во Скопје, С. Македонија и е дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност при УКИМ. (2019), класа на проф. Тодор Светиев. Моментално е студент на катедрата за Музикологија, работејќи на своите пост-дипломски студии на универзитетот „Free University of Bolzano“ во Италија.
Автор е на научната статија „Сценското дело на иднината: современиот перформативен феномен, неговиот развој и комуникација со публиката.“, објавена во четвртото издание на научното списание “Ars Academica” (2016). Автор е и на трудот ELELORP 76: MUSICA NOVA MACEDONICA. Електроакустичната музика во Македонија, нејзиниот развој и карактеристика.“, презентиран во рамки нанаучната конференција на 42-то издание на манифестацијата „Струшка Музичка Есен“, издаден во официјалниот зборник на истото. (2017)
Дел од организацискиот, режиски и изведувачки тим на серијата концерти „No Hay Banda“ посветени на филмската музика, во соработка со Академската Сцена при Факултетот за Драмски Уметности при УКИМ, Скопје (2017- 2019). А, исто така, таа е организатор, режисер и изведувач на концертните проекти „Монохроматика“ (дел од програмата на манифестацијата „Денови на Македонска Музика“, 2018 ) и „Монолози“ (дел од програмата на фестивалот „Златна Лира“, 2018). Моментално работи хонорарно како корепетитор на Факултетот за Музичка Уметност при УКИМ и е дел од експерименталното дуо „Алембик“. Нејзината прва композиција за пијано, „Breath“ е објавена во компилацијата „Klavirsko Nebo 3“, во издаваштво на продукциската куќа „Pop Depresija“.
Добитник е на наградата „Игор Исаковски“ за најдобар дебитантски поетски ракопис во 2017 г. за стихозбирката „Тие“ (2017, Блесок), кој го добива своето второ и дополнето издание во 2019 г. (ПНВ Публикации). Во 2020 е издадена и нејзината втора стихозбирка „Двоумење“, за која и е доделена наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата. Нејзината поезија е застапена во ревијата „Рукописи 40“ (2017), како и панорамата „32 македонски поети. Гласови на новиот век.“ (2018, ПНВ Публикации). Учествувала на „Астални Проекции“ и нејзината поезија е застапена во монографијата посветена на поетската манифестација (2019, Бегемот),како и голем број други поетски читања во Скопје. Нејзината поезија е преведувана на српски, грчки, хрватски и словенечки јазик.