Катица Ќулавкова
Македонија
Биографија
Катица Ќулавкова (1951) е македонски писател и универзитетски професор. Има објавено над шеесет книги, било како автор (поезија, кратки раскази, есеи), или како приредувач. Таа е редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), член на Европската академија на науките и уметностите и потпретседател на Меѓународниот ПЕН. Нејзината поезија е богата со митски и книжевни референци, како и со слики на женственост, еротизам и страст; со нејзиниот специфичен глас – збиен, ритмичен, чудотворен – таа доловува мигови на копнеж, загуба, задоволство и очај, дозволувајќи им ја нивната повеќезначност, непоколеблива пред лицето на ранливоста. Нејзини книги поезија се објавени во превод на англиски, француски, италијански, португалски, руски, турски, романски, хрватски, српски, словенечки и други јазици. Некои од нејзините дела, академски и литературни, се достапни на Интернет во превод англиски. www.kulavkova.mk www.manu.edu.mk