Поети

Лауреат - 1972

Пабло Неруда

Чиле

Биографија

Pоден во Парал, 12. 8. 1904 година, починал во Сантјаго на 23. 9. 1973. Еден од најзначајните латиноамерикански поети, Чилеанец, левоориентиран. Објавил многубројни збирки песни, а книжевната дејност ја започнал со љубовна поезија. Но, брзо се ориентирал кон социјалната тематика на отворен и на борбен израз со нагласени надреалистички елементи и станал значаен претставник на ангажираната поезија. Поемата Шпанија во срцето (1937) им е посветена на напредните сили на републиканска Шпанија. Најважно му е делото Сеопшта песна (1950). Во него авторот со најголем занес пее за минатото и за сегашноста на Јужна Америка и со огорченост над судбината на народот. Во 1970 ја добил Нобеловата награда за литература. Дела: Песни на залезот, 1923; Дваесет песни за љубовта и една за очајот, 1924; Сто љубовни сонети, 1960. На Македонски јазик објавена е книгата Поезија, 1972.