Лауреат - 2016
Маргарет Атвуд
Канада
Биографија
Маргарет Елинор Атвуд е родена во 1939 година во Отава. Автор на повеќе од четириесет книги поезија, проза, детска литература, раскази и стручна литература.
Додека студирала во Бостон ја објавила првата збирка поезија Кружната
игра (1966) за која ја добива угледната награда за поезија на канадскиот Гувернер, а со меѓународен углед се здобива со објавувањето на збирката Двојна Персефона. Во следните неколку години наизменично пишува поезија и проза. Во нејзината поезија, најчеста тема е односот на цивилизацијата и дивината и смета дека овие спротивности се едни од најважните принципи во канадската литература. Има објавено преку петнаесет збирки поезија кои се преведени на многу јазици и објавени во повеќе од дваесет и пет земји.
Нејзиното поетско творештво ги вклучува: Кружната игра (1964); Животните во таа земја (1969); Дневниците на Сузана Муди (1970); Постапки од подземјето (1970); Политики на моќ (1971); Ти си среќен (1974); Избрани песни (1976); Избрани песни (1965-1975); Двоглави песни (1978); Црна луна (1984); Избрани песни (19661984); Маргарет Атвуд Песни (1976-1986); Утро во изгорена куќа (1995); Голтање оган: Одбрана поезија (1965-1995); Врата (2007).