Милош Ѓурѓевиќ
Хрватска
Биографија
Милош Ѓурѓевиќ е поет, книжевен критичар, антологичар и преведувач. Дел од неговите најнови книги: „Морз, мој глув пријателе“ (Ugly Duckling Presse, 2014), избрани песни во двојазично хрватско-словенечко издание; „Креда и отпечатоци“, избрани и нови песни, во превод на Вера Пејовиќ и Петар Семолиќ (2019); „Трговски војни, минувачи и сродни песни“, песни (2020) и „Друг поглед“, книжевна критика и есеи (2023). Неговите песни се застапени во голем број антологии и преведени на англиски, арапски, литвански, словачки, грчки и германски јазик. Тој бил учесник на Меѓународната програма за пишување на Универзитетот во Ајова, како и добитник на стипендија од Art Omi за престој во Куќата „Ледиг“ во Њујорк, стипендист на „Цивитела Раниери“ центарот во Италија, како и дел од Книжевната колонија во Трсиќ, Србија. Бил уредник на хрватскиот оддел на интернет-страницата на Меѓународна поезија (PIW), уредник за поезија на интернет-неделникот „Форум“. Тој соработувал со уметници од други дисциплини.
Милош Ѓурѓевиќ живее во Загреб, Хрватска, и работи како хонорарен писател, уредник и преведувач.