Поети

Клаудио Поцани

Италија

Биографија

Клаудио Поцани е роден во 1961 година во Џенова, Италија.

Тој е поет, наратор и музичар, неговите песни се преведени и објавени на над десет јазици, а настапувал на најважните меѓународни книжевни и поетски фестивали.

Во 1995 година Поцани го создава Меѓународниот поетски фестивал „Ширум отворени зборови“ во Џенова, најстариот и најголемиот поетски настан во Италија, на кој сè уште е директор. Тој, исто така, организирал неколку поетски настани ширум Европа (Белгија, Франција, Финска, Германија) и во Јапонија. Во 2001 година ја основал „Поетската соба“ во Џенова.

Како автор, неговите најнови дела се Маршот на сенката – поетска збирка и ЦД, антологијата Ширум отворени простори – Поезија 1995 – 2016 („Passigli editori“), како и ДВД од концерт-читањето во живо заедно со „Поет оркестра“ со наслов Реалноста на надежта.

Во 2015 година тој бил соосновач на европската платформа „Версополис“, во соработка со 14 други поетски фестивали (мрежата сега брои над 30 фестивали во исто толку држави).

Во 2019 година, режисерот Фабио Џовинацо го режирал филмот Душата во стомакот, заснован врз неговите песни.

Во 2023 година ги објавил романите Кејт и јас („La rumeur libre“, Франција) и Исповедите на еден мизантроп („La Nave di Teseo“, Италија).