Поети

Иван Херцег

Хрватска

Биографија

Иван Херцег (1970) е поет, прозаист и уредник роден во Крапина, Хрватска. Дипломирал хрватски јазик и книжевност и јужнословенска филологија на Универзитетот во Загреб. Тој е главен уредник на загрепското списание „Поезија“, главен уредник на изданијата „Поезија“, како и организатор на поетскиот фестивал „СУР“ (Стихови во регионот). Автор е на шест збирки поезија: „Нашите други имиња“ (Загреб, 1994); „Ноќ на асфалтот“ (Карловац, 1996); „Фотографии од земски воздишки“ (Загреб, 1997); „Ангели во тагување“ (Загреб, 2004); „Неправилности“ (Загреб, 2007); „Кога ќе пристигне Вавилон“ (Загреб, 2013). Добитник е на неколку награди за неговите поетски дела, помеѓу кои наградата „Горанова пролет“ за млад поет, наградата „Здравко Пучак“ и наградата „Рикард Јоргованиќ“. Има објавено збирка со кратки раскази „Голи“ (Загреб, 2011). Неговата поезија е застапена во голем број антологии и преведена на голем број јазици, вклучувајќи и шпански, француски, германски, италијански и кинески јазик. Неговите избрани песни се издадени на словенечки јазик со наслов „Колкумина од нас ќе останат“ од издавачот „Хиша поезија“ (Љубљана, 2009); „Варшава, Варшава“ на полски јазик од издаваштвото „Меѓуморје“ (Гдањск, 2014). „Неправилности“ била издадена на бугарски јазик од издавачката куќа „ДА“ (Софија, 2014), а „Ноќни луѓе“ била издадена на македонски јазик од издавачката куќа „ПНВ“ (Скопје, 2021). Учествувал на голем број меѓународни поетски фестивали, како Фестивалот за меѓународна поезија (Ротердам, Холандија, 2009); Пекиншкиот поетски фестивал (Пекинг, Кина, 2011); фестивалот „Чапбук“ (Њујорк, САД, 2012); фестивалот „Живи гласови на Медитеранот во Медитеранот“ (Сет, Франција, 2014); и меѓународниот фестивал за уметност „Транс/Мисии-Три мориња“ (Жешов, Полска, 2022). Тој е член на Здружението на писатели на Хрватска и на хрватскиот ПЕН Центар. Иван Херцег живее во Загреб и работи како уредник на хрватскиот дневен весник „Јутарни лист“.