Николина Андова Шопова
Северна Македонија
Биографија
Николина Андова Шопова (1978) е поетеса и писателка од Скопје. Авторка на две поетски збирки „Влезот е од другата страна“ и „Поврзи ги точките“. Нејзината прва збирка поезија „Влезот е од другата страна“ во издание на издавачката куќа „Темплум“ во 2013 година ја доби престижната награда Мостови на Струга, награда што ја доделува УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата. Во 2018 година го издава нејзиниот прв роман „Некој бил тука“, за кој ја доби наградата „Роман на годината“, награда што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Нејзиниот втор роман „Естом“ е издаден во издавачката куќа „Или- Или“ во 2022 година . Николина А. Шопова пишува и раскази и книги за деца. Во 2020 година излегува нејзината книга за деца „Кртот Ѕвездан“. Учесник е на бројни европски поетски фестивали, а нејзината поезија е преведена на повеќе странски јазици и е дел од неколку поетски антологии.

