Поети

Поли Муканова

Бугарија

Биографија

Поли Муканова (1980, Софија, Бугарија) е поетеса, професорка, книжевен преведувач и доктор по филолошки студии. Таа е автор на поетските збирки: „Моменти во кутија кибрит“ (2009), „Школките имаат две страни“ (2015), Рајот на пустиниците“ (2022); кратки раскази: „Амор фати: фрагменти“ (2012), „И беше ли Сизиф среќен?“ (2022), како и монографиите „Историја и теорија на читање“ (2018), „Читањето и читателите во бугарското општество (1878 – 1944)“, „Библиотеката како институција“ (2023). Учествувала на бројни домашни и меѓународни поетски фестивали. Таа е преведувач од македонски јазик на романот „Годишни времиња“ од Јулијана Величковска („ЕРГО“, 2017), избрани песни на Зоран Јакимоски, книгите „Картографирање на себеси“, избрана поезија („ЕРГО“, 2023) од Славица Гаџова Свидерска, (Дис)комфорот на постоењето, избрана поезија („ДА“, 2023) од Лидија Димковска. Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, шпански, италијански, албански, романски, хрватски и македонски јазик. Таа е уредник на електронското книжевно списание „Трубадури“. Во 2023 година, нејзиниот ракопис „Една е Европа“ бил одобрен од Министерството за култура за објавување. Таа е професор по историја на книги, теорија на читање и библиофилија на Универзитетот за Книжевни студии и информациски технологии во Софија.