Поети

Славчо Ковилоски

Македонија

Биографија

Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) е македонски поет, прозаист и книжевен историчар. Автор е на една збирка раскази („Лоша тетка и други раскази“), една поема („Крале Марко по вторпат“), две монодрами („Синот на Волкашин“ и „На Ножот“), три романи („Опасен сум“, „Сонување“ и „Синот на Кралот“), четири збирки поезија („Сонцето повторно ќе изгрее“, „Поезија во движење“, „Барутна поезија“ и „Компјутерска поезија“), како и повеќе монографии за историја и литература. Добитник е на неколку престижни награди, меѓу кои македонската државна награда „Гоце Делчев“ и „З Ноември“ за наука, како и  „Григор Прличев“ за поема. Бил главен и одговорен уредник на најстарото македонско списание за литература, култура и уметност „Современост“. Во моментов е главен уредник на магазинот „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија и уредник во маѓународното научно списание „Спектар“. Работи во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.