Поети

Веле Смилевски

Северна Македонија

Биографија

Веле Смилевски (1949) – поет, романсиер, литературен критичар, есеист. Доктор по филолошки науки, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”. Бил: Претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1979);Претседател на Друштвото на писателите на Македонија во tri мандати: 2000 – 2002, 2002 – 2004 и 2014-2018;

Поетски книги: „Слика што согорува”, 1974. „Кафез”, 1978. „Диши длабоко”, 1985. „Одзив на здивот”, 1987.  „Икра во славината”, 1989. „Подвижни точки”,  1990. „Гребнатинки”,  1995. „Педесет песни”, 2000. „Педесет допевања”,  2005.  „Совршена тишина”,  2009. „Час по поезија”, 2010. „Забранета книга”,  2011. „Век за самување”, 2012. „Век за приказ”, 2013. “Песната палимпсест”, 2017. „Европа го зборува мојот мајчин јазик“, 2021.

Застапен во антологии на македонската поезија објавени во Англија, Индија, Полска, Словачка, Белгија, Израел, Русија, Србија, Турција, Албанија, Шпанија, Бугарија, Узбекистан, Италија, Чешка, Малезија.

Награди

– Награда на Друштвото на писателите на Македонија „Ацо Шопов” за најдобра поетска книга во Македонија за 2005 година, за стихозбирката „Педесет допевања”. 

– Награда „Браќа Миладиновци” на јубилејните 50-ти Струшките вечери на поезијата, за најдобра поетска книга објавена меѓу два поетски фестивала, за стихозбирката „Забранета книга” (2011).

– Награда „Григор Прличев” за најдобра поема во 2012 година за поемата „Век за самување”.

– Државна награда „11 Октомври” за животно дело од областа на уметноста и културата (2012).