Новости

Претставување на поети од поетската платформа „Версополис“ на овогодинешното издание на СВП

15 август 2023

   Соработката меѓу Струшките вечери на поезијата и поетската платформа Версополис продолжува и годинава. Од оваа платформа својата поезија пред македонската публика ќе ја претстават двајца странски поети – Адам Хоровиц и Алекси Берно. Нивната поезија веќе е преведена на македонски јазик и ќе бидат издадени две книги како дел од проектот Версополис.
   Версополис е европска поетска платформа, која им го отвора патот на младите европски поети, кои честопати се непознати надвор од границите на јазикот на кој пишуваат.  Версополис е поддржана од програмата за креативна Европа на Европската комисија.

   Адам Хоровиц е британски поет, изведувач и уредник. Тој има објавено три збирки поезија: Вртење (Хедланд, 2011), Почвата никогаш не спие (Палвел, 2018) и Љубов и други бајка (Индиго Дримс, 2021): мемоар, Илјада Лори Лии (Хистори Прес, 2014), како и диск со поезија и музика со наслов Мал Метрополис (2015). Тој, исто така, бил копрезентер на Илјада мрморења, поткаст што ја слави поезијата и музиката на Џон Клер, а се појавува и на албумот за поезија и музика од Серис Мејтус со наслов Доаѓаме од сонцето (Дека, 2021)
   Песна објавена на веб-сајтот на СВП – https://svp.org.mk/poem/preveduvachi

   Алекси Берно е роден во 1977 година во Париз. Тој е поет, преведувач, музичар и уредник. Берно ја предводи колекцијата со збирки раскази „Минијатури“ кај издавачите Magellan & Cie. Неговата поезија е објавена во Франција и во странство, автор е на збирките Au matin suspendu (Во забранетото утро, 2012) и Un miroir au coeur du brasier (Огледало во срцето на огнот, 2020). Ги има преведено американските поети Џек Хиршман, Сем Хамил, Ијан Бојден и Марго Бердешевски, канадскиот поет Роберт Брингхарст и тринидадскиот романсиер Ерл Лавлејс.
   Песна објавена на веб-сајтот на СВП – https://svp.org.mk/poem/izgradenapl

Ве покануваме да ги проследите настаните на годинешното издание на фестивалот.