Поети

Николина Андова Шопова

Македонија

Биографија

Николина Андова Шопова (Скопје, 1978) е македонска поетеса и писателка. Авторка е на збирките Влезот е од другата страна (2013), Поврзи ги точките (2014) и Во куќата (2026).

Нејзината дебитантска поетска книга Влезот е од другата страна, објавена од „Темплум“, ја доби престижната награда „Мостови на Струга“, што ја доделуваат УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата за најдобра дебитантска поетска книга од млад македонски автор.

Во 2018 година го објави својот прв роман, Некој бил тука, за кој ја доби наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата

„Славко Јаневски“. Романот е преведен на српски и англиски јазик. Нејзиниот втор роман, Естом, е објавен во 2022 година од издавачката куќа „Или-Или“.

Авторка е и на книгите за деца Кртот Ѕвездан (2020) и Најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино (2024), за која во 2025 година ја доби Првата награда за најдобра книга за деца меѓу два саеми на книгата, што ја доделува Македонската асоцијација на издавачи.