Анелиза Алева
Италија
Биографија
Анелиза Алева е родена во Рим, каде што и живее. Таа е поетеса, есеистка и преведувачка. Дипломирала руски јазик и книжевност на универзитетот „Ла Сапиенца“, Рим, во 1980 година. Анелиза има објавено девет збирки поезија: „Месеци“ (1996), „Кој доаѓа низ вратата“ (1998), „Писмо во форма на сонет“ (1998), „Ѕвезди и камења“ (1999), „Церемонијална атмосфера“ (2000), „Наследено злато“ (2002), „Инстинкт и духови“ (2003), „Скршената куќа“ (2010), добитник на наградата „Сандро Пена“ во 2010 година, „Карактери“ (2018), добитник на наградата „Вијареџо Џуриа“ во 2019 година, а нејзината следна збирка, „Стаклени прсти“, ќе биде објавена на италијански и англиски јазик. Нејзината поезија е објавена на руски јазик: „Наизуст“, издавач: „Пушкински фонд“ во 2016 година, на англиски јазик: „Избрани песни“, „Градива едишнс, САД, 2020 година, како и на шпански јазик „Скршената куќа и други песни“, Зибалдоне, 2022 година.
Во 2013 година, Алева ја објавува нејзината книга со есеи и мемоари „Спектакл на меморијата“.
Нејзините најзначајни преводи се: целокупното прозно творештво на Пушкин во 1990 година и песните „Љубовни песни и епиграми“, 2018 година, за кои е добитник на наградата „Пушкин“ во 2023 година, „Ана Каренина“ од Лав Толстој (добитник на руско-италијанската награда за Најдобар италијански превод на дело од Толстој во 2010 година), како и антологија на 16 современи руски поети „Руски поети денес“, за која е добитник и на наградата „Леричи Леа“ во Москва, 2009 година.