Ерол Туфан
Турција
Биографија
Ерол Туфан е роден 1959 година во Гостивар, Македонија. Студирал право на УКИМ во Скопје и на Универзитетот „Селчук“ во Конија, Турција. Работи како самостоен адвокат во Истанбул. Тој е и поет, есеист и преведувач. Пишува и објавува на македонски, на турски и на српски јазик.
Превел на турски јазик поезија од грото позначајни претставници на различни генерации македонски поети, како што се, на пример: Б. Конески, А. Шопов, А. Поповски, М. Матевски, Г. Тодоровски, П. М. Андреевски, Р. Павловски, Б. Ѓузел, М. Стефановски, Ј. Даниловски, С. Ѓ. Димоски, Б. Ташковски, С. Гигов, И. Исаковски, В. Мартиновски, В. Танчева-Златева, М. Стојановска, Ј. Величковска, Е. К. Питулкова.