Иван Џепароски
Северна Македонија
Биографија
Иван (Ивица) Џепароски (1958, Скопје)
Поет, филозоф, есеист, критичар, антологичар и преведувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје каде што магистрирал и докторирал. Работи на Филозофскиот факултет во Скопје како редовен професор по Естетика и Филозофија на културата. Во неколку мандати бил раководител на Институтот за филозофија (2004–2009; 2013–2021), раководител на постдипломските студии на овој институт (2009–2013) и секретар на македонскиот ПЕН-центар (1999–2001; 2008–2014). Автор е на триесет и пет книги: осум поетски книги, три поетски антологии, шеснаесет книги од областа на естетиката и на културната теорија, како и на осум книжевно-теориски и есеистички избори. За своето творештво ги има добиено наградите „Млад Борец“ (1984), „Димитар Митрев“ (1993), „Парадигма“ (2009), „Браќа Миладиновци“ (2016) и „Книжевен жезол“ (2021). Добитник е и на наградата „Григор Прличев“ (1993) за поетски превод. Неговата поезија и некои од неговите есеи се преведени на над дваесет странски јазици во светот, а избори од неговата поезија се објавени во одделни книги на англиски, романски, бугарски, албански и српски јазик.
Поетски дела: Слики од изложбата, 1989; Еклоги, 1992; Песни, 1998; Волја за мисла, 2008; Грабнувањето на Европа, 2012; Светлината на Света Гора, 2015; Град, 2020; Архаична автобиографија, 2021.
Поетски антологии: Убави зборови 1993 (петто изд. 2022); Антологија на солзите, 2012; Арката на Ное: Поезија и Animalia, 2019.