Николина Андова Шопова
Биографија
Николина Андова Шопова (1978, Скопје) е авторка на две поетски збирки „Влезот е од другата страна“ (2013) и „Поврзи ги точките“ (2014). Нејзината прва збирка поезија „Влезот е од другата страна“ ја доби престижната награда Мостови на Струга, награда што ја доделува УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата. Во 2019 година ја доби наградата „Роман на годината“ за нејзиниот прв роман „Некој бил тука“, награда што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а нејзиниот втор роман „Естом“ е издаден во 2022 година. Николина А. Шопова исто така пишува и раскази и книги за деца.

