Митко Гогов
Северна Македонија
Биографија
Митко Гогов е роден на 11 ноември 1983 година во Скопје, Македонија. Тој пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга и ги објавува на мрежата за микроблогирање Твитер. Неговите дела се преведени и објавени во бројни антологии, поетски книги и списанија за уметност и литература во Индија, Пакистан, Филипини, Кина, Тајван, Египет, САД, Аргентина, Русија, Шпанија, Италија, Чешка, Романија, Германија, Израел, Мексико, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Грција, Бугарија…
Ги објавил поетските книги: „Ледена вода“, БКЦ, Србија 2011 г. Антол, 2014 година, „Скриено писмо“, Антолог, 2019 година; „Линијар. Бројки“, Макавеј, 2021; „Господ на ба(к)терии“, Макавеј, 2024 година и добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои: „Енхалон“ доделен од Струшките вечери на поезијата; Награда „Анџело Ла Векија“ во Сицилија, Италија; Награди на Поетските книжевни искри“; „Поетски слем“ во Прилеп; „Струшки бранови“ во Струга и многу други.
Претседател е на здружението за културен развој и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“,; Организатор на глобалниот поетски настан „100 илјади поети за промена“ во Македонија; Претставник на Светската унија на поети и на Школата за поезија – Македонска делегација; Еден од основачите на наградите „Антево слово“ и „Антево перо“; Уредник на strumicaonline.net и reper.net.mk.
Исто така, тој е концептуален уметник и има неколку изложби, инсталации, перформанси, сценографии и мултимедијални проекти во Норвешка, Франција, Италија, Србија, Македонија, Бугарија… Организира културни и уметнички настани, соработува со младински, уметнички, филмски и театарски фестивали. Блогер, секогаш отворен за комуникација.