Поети

Зоран Анчевски

Македонија

Биографија

Зоран Анчевски (1954) е поет, есеист, литературен преведувач и универзитетски професор. Ги има објавено стихозбирките: Патувања низ скршени слики (1984), Стратегија на поразот (1994), Линија на отпорот (1998), Превод на мртвите (2000) Див мир (2004), Избрани песни / Selected Poems (2008, изданија на македонски и на англиски јазик), Историја на ветрот, 2009), Небесна пантомима (2018, Celestial Pantomime, на англиски јазик, СВП 2019), Збунети компаси (2021), Puzzled Compasses, на англиски јазик, СВП 2022),  Коњски житија (поема, 2023, The Lives of the Horses, на англиски јазик 2024), Длабок простор (2026), како и обемната критичко-теоретска студија За традицијата (2007). Автор е, приредувач и уредник на голем број поетски антологии, избори и прозни дела на врвни светски автори на македонски јазик. За своето творештво ја има добиено наградата „Студентски збор“, за најдобра дебитантска книга (1985, за Патувања низ скршени слики), „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две СВП (2018, за Небесна пантомима и 2022 за Збунети компаси),  наградата „Григор Прличев“ за поема (2022) и престижното меѓународно признание за поезија Ѓакомо Леопарди (Реканати, Италија, 2004). За својата преведувачка дејност ја има добиено наградата „Григор Прличев“ (2001). Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН центар. Од 2003-2007 година бил претседател на Управниот одбор на меѓународниот фестивал „Струшки вечери на поезијата“.